Ламар Одом по пауза од четири години реши да и се врати на кошарката. Одом (38) кариерата ќе ја продолжи во Кина.
Одом, изминатите три години минуваше низ тежок период, а во 2015 година, поради користење на дрога и алкохол, животот му „висеше на конец“.
Откако успеа да ги остави пороците, повторно започнал да води здрав живот и сега ќе се обиде да ја оживее својата кариера.
Тој без размислување ја прифатил понудата од кинескиот прволигаш Сензен леопардс.
„И се враќам на кошарката. Ќе играм во Кина. Бог е голем“, порачал Одом.
Последниот професионален ангажман, Одом, го имаше во Европа, во екипата на Басконија, за која одигра три натпревари.
Најдобриот период во кариерата тој го имаше во ЛА Лејкерс. Со „езерџиите“ освои две титули во НАБ лигата (2009, 2010), а беше прогласен и за најдобар шест играч во лигата.