Top Sport

Ларкин ќе игра за Турција

Кошаркарот на Анадолу Ефес Шејн Ларкин ќе ги брани боите на репрезентацијата на Турција, потврдил Американецот на својот профил на „Твитер“.

Тековната сезона во Евролигата минува во знакот на Ларкин. Го собори рекордот според бројот на постигнати поени на еден натпревар, а потоа четири пати во низа беше МВП на колото.

Неговите настапи ги натераа Турците да му понудат државјанство, а бидејќи тој често истакнува дека Турција му е втор дом, без размислување ја прифатил понудата.

За да добие турско државјанство и пасош на оваа држава се ангажираше и претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

„Задоволство ми претставува што ја добив честа да ја претставувам оваа земја и и што ќе му се приклучам на турскиот национален тим. Возбуден сум што ќе го облечам дресот со турскиот грб. Со гордост ќе го носам со своите соиграчи“, напишал Ларкин.

Scroll to Top