Top Sport

Леброн Џејмс е во изолација, заразен ли е со коронавирус?!

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс – Леброн Џејмс го немаше синоќа во составот на „езерџиите“ при победата против Сакраменто Кингс, а причина е сомнението дека тој е заразен со коронавирусот.

Тој официјално е во изолација, а според НБА правилата, кошаркарите мора да се изолираат ако добијат позитивен или тест на кој не е јасно дали се позитивни или не.

Тој би можело да се врати на паркетот или по 10 дена (ако помине без никакви симптоми), но може и за 24 часа да заврши неговата изолација, доколку добие два негативни тестови.

„Тоа е секако нешто што не го очекувавме. Го дознавме тоа утринава, а по тестот ништо ново не знаеме. Не знаеме ниту колку ќе биде надвор од терените, се зависи од ситуацијата, но нам ни рече дека е добро и нема никакви симптоми, што е добар знак. Здравјето, сепак е најважното и посакуваме што порано да се врати“ рече по мечот со „Кралевите“ Ентони Дејвис.

На почетокот на сезоната Леброн јавно рече дека се вакцинираше.

Scroll to Top