Top Sport

Леброн Џејмс ја мина границата од 30.000 поени

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар во светот, стана најмладиот играч кој во НБА лигата стгнал до бројката од 30.000 поени.

На мечот против Сан Антонио Спарс на Џејмс му беа потребни седум поени за да ја мине магичната граници. Кога ја мина границата од 30.000 поени „Кралот Џејмс“ доби овации од публиката во Тексас.

Леброн до 30.000 поени дојде на возраст од 33 години и 26 дена, а исто така тој е првиот во историјата кој забележал во кариерата 30.000 поени, 7.000 скока и 7.000 асистенции.

Најдобри стрелци во НБА:

1. Карим Абдул-Џабар 38.387 поени
2. Карл Мелоун 36.928
3. Коби Брајант 33.643
4. Мајкл Џордан 32.292
5. Вилт Џембрлен 31.419
6. Дирк Новоцки 30.837
7. Леброн Џејмс 30.001

Scroll to Top