Top Sport

Леброн Џејмс (повторно) ги иритира поддржувачите на Трамп

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс повторно ги налути поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, откако на прес-конференција се појави со познатата црвена капа МАГА (Make America Great Again), но модифицирана за да се бара правда за Бреона Тејлор, жената од Луивил, Кентаки која беше убиена од полицијата во нејзиниот дом во март.

На капата пораката „Great Again“ беше пречкртана и наместо тоа пишуваше: „Направете ја Америка да ги уапси полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“.

Џејмс подолго време е во вербална „војна“ со Трамп поради многу негови изјави, додека поддржувачите на американскиот претседател тврдат дека кошаркарот е лицемер поради тоа што во повеќе наврати не беше подготвен да ја критикува Кина за човековите права поради спонзорствата кои ги добива.

Леброн ја продолжува личната војна со Доналд Трамп

Scroll to Top