Леброн Џејмс најдобриот играч на Кливленд Кавалирс истакнал дека два пати бил фаулиран во еден од решавачките дуели со Кевин Дурент на синоќешниот натпревар во Оукленд, во кој Голден Стејт Вориорс славеше 99:92 над Кливленд Кавалирс.
Дурент на 24 секунди до крајот на мечот, при резултат 95:92, имаше два очигледни контакти со Џејмс но судиите не се огласија, по што Вориорс ја освоија топката, а Клеј Томпсон од линијата за слободни го реши прашањето на победникот.
„Ме фаулираше два пати! Но тоа е – што можете да направите?“, рекол Леброн.
Најдобриот играч на Кливленд потоа истакнал дека луѓето забораваат колку добар дефанзивец е Дурент.
„Тој е еден од водечките играчи според бројот на блокади, денес забележа пет и факт е дека врши голема работа во одбраната, особено во играта „1 на 1“. Имаат добар дефанзивен мозок на клупата – помошнот тренер Мајк Браун е со нив“.
„Кралот“ потоа одговорил дали Дурент е најтешкиот противник против кого играл.
„Ако не е најдобриот тогаше е тука некаде меѓу најдобрите. Кавај Ленард, Расел Вестбрук, Џејмс Харден…Листата е долга, но кога играме на крилната позиција, мислам дека заедно со Кавај вршиме одлична работа“, заклучил Џејмс.