Top Sport

Леброн го спаси Кливленд, Харден го реши Мајами (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата понуди неколку спектакуларни натпревари. Џејмс Харден уште еднаш ја надмина бројката од 40 поени и најсериозно ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната, додека Леброн Џејмс го предводеше Кливленд во дополнителното време на Минесота.

Хјустон се наоѓа во извонредна форма, атакува на првото место во лигата, а најголеми заслуги за одличните резултати има Џејмс Харден. „Брада“ блескаше во победата над Мајами 109:101 со 41 поен и 6 асистенции.

На споритвната страна поразот на Мајами не го спречија Горан Драгиќ и Џош Ричардсон кои постигнаа по 30 поени.

Хјустон на последните десет натпревари заележа девет победи, додека Мајами се наоѓа во резултатска криза, овј тим нема триумф на последните пет средби.

Кливленд дури по дополнителните пет минути успеа да ја совлада Минесота 140:138. Дуелот во регуларниот дел заврши 129:129.

За вицшампионите победата над Минесота е осма на последните 22 натпревари.

Леборн Џејмс со трипл-дабл (37 поени, 10 скока и 15 асистенции) го предводеше тимот. Џејмс на 45 секунди до крајот на регуларниот дел постигна тројка со која му донесе продолжение на својот тим. Џејмс го забележа деветтиот трипл-дабл во сезоната, вкупно 64. во кариерата.

На спортивната страна доминираа Џими Батлер со 35, односно Карл-Ентони Таунс со 30 поени.

Сан Антонио Спарс ја забележа третата највисока победа во историјата на франшизата. Спарс изминатата ноќ го добија дуелот со феникс 129:81. Шестмина играчи на Сан Антонио постигнаа двоцифрен број на поени, а предводник беше Ламаркус Олдриџ со 23 поени и 13 скока.

На останатите натпревари Јута го надигра Мемфис 92:88, а Детроит го победи Бруклин 115:106. Јута е во серија од седум победи, додека Мемфис нема победа на последните пет натпревари. Детроит пак победи и на четвртиот меч од доаѓањето на Блејк Грифин.

Scroll to Top