Top Sport

Леброн годишно троши 1,5 милиони долари на своето тело

Најдобриот играч на денешницата Леброн Џејмс вложува неверојатна количина на пари за да го одржува своето тело. Познато е дека Леброн е посветен на одржување на своето тело, но цифрата што годишно ја вложува е исклучително голема.

Како што обајави деловниот партнер на Леброн, Маверик Картер, кошаркарот годишно на одржување на телото троши 1,5 милиони долари.

Џејмс покрај својот персонален шеф и тренер има и стриктна диета до која редовно се држи. Исто така тој користи критерапија и хипербарична комора.

„Кралот Џејмс“ доминира и оваа година, а тоа го покажуваат и бројките. Овој месец тој во просек бележи 31,5 поени, 9,8 скока и 9,7 асистенции.

Scroll to Top