Top Sport

Леброн и Кари ги одбраа тимовите за Ол стар натпреварот

Оваа година „Ол стар“ натпреварот во НБА лигата ќе се игра по нов формат, односно прв пат во историјата тоа нема да биде дуел помеѓу најдобриот од Источната и Западната конференција.

На 18.февруари во Лос Анџелес ќе излезат тимови кои ги одбраа капитените, односно игхрачите кои во своите конференции добија најмногу гласови Леброн Џејмс (Исток) и Стеф Кари (Запад).

Интересно Леброн во својот тим го избра довчерашниот соиграч Кајри Ирвинг, кој летово во голем трејд се пресели во Бостон.

Тимот на Леброн: Кајри Ирвинг (Бостон), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Демаркус Казинс (Њу Орлеанс), Расел Вестбрук (Оклахома), Кевин Дурент (Голден Стејт), Виктор Оладипо (Индијана), Кристапс Прозингис (Њујорк), Џон Вол (Вашингтон), Кевин Лав (Кливленд), ламаркус Олдриџ (Сан Антонио), Бредли Бил (Вашингтон)

Тимот на Кари: Џејмс Харден (Хјустон), Демар Дерозан (Торонто), јанис Адетокумбо (Милвоки), Џоел Ембид (Филаделфија), Кајл лаури (Торонто), Клеј Томпсон (Голден Стејт), Карл-Ентони Таунс (Минесота), Ал Хорфорд (Бостон), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Џими Батлер (Минесота), Демијан Лилард (Портланд)

LeBron picked Kyrie!!

A post shared by SB Nation NBA (@sbnationnba) on

Scroll to Top