Според многумина најдобриот кошаркар на денешнината Леброн Џејмс проговорил за поранешните соиграчи. Џејмс си ЛА Лејкерс синоќа израмни на 1-1 во серијата против Портланд. Лејкерси предводени од Ентони Дејвис славеа убедливо 111-88.
Крилниот центар на Лејкерс на теренот мина 29 минути, во тој период постигна 31 поен и забележа 11 скокови.
Леброн мечот го заврши со само 10 поени, а по победата во суперлативи говорел за соиграчот Дејвис.
„Ентони прави работи кои не можат да ги направат моите останати сјајни соиграчи“, рекол Леброн.
Според него на нивото на Дејвис се неговите поранешни соиграчи од Мајами и Кливленд Двејн Вејд и Кајри Ирвинг.
„Имав луксуз да играм со многу добри играчи, овие тројца се подобри од останатите“, заклучил Леброн.