Леброн Џејмс стави точка на шпекулациите за можен трејд од Кливленд Кавалирс во овој преоден рок, кој трае до 8.февруари.
Џејмс, изминатата ноќ, беше дел од тимот кој испушти предност од 21 поен и на крајот беше поразен од Орландо 116:96. Кавалирс играат катастрофално во последните два месеци, имаат само седум победи на последните 21 натпревари.
„Тука сум оваа сезона да се обидеме да го решиме проблемот и да видиме дали можеме да се бориме. Им должам на соиграчите заедно да ја завршиме сезоната. Никогаш не би ја тргнал клаузулата против трејд во друг тим“, рекол Џејмс.
Леброн дуелот против Орландо го заврши со 25 поени, 10 скока и 5 асистенции.