Top Sport

Леброн ја продолжи мизеријата на Мемфис

Екипата на Мемфис Гризлис ја продолжи серијата порази откако загуби од Кливленд Кавалирс 116:111. Мемфис го забележа 11.пораз во ноза, што во моментов е најдолгата серија на порази во НБА лигата.

Кливленд вториот период го доби со 38:20, но тоа не му беше доволно да обезбеди лесна победа. Мемфис на две минути до крајот на мечот стигна до 109:109, но Леброн Џејмс не дозволи целосен пресврт. Џејмс ги постигна последните 13 поени за својот тим кој победи 116:111.

Кливленд по лошиот старт се наоѓа во серија од 11 победи.

Леброн забележа 34 поени и 12 скока, Кевин Лав 20 поени и 11 скока, Џеј Ар Смит постигна 17, а Двејн Вејд 16 поени.

Кај Мемфис блескаа Тајрик Еванс со 31 поен и 12 асистенции, односно Марк Гасол со 27 поени.

Во дербито на Истокот Филаделфија го порази Детроит 108:103. Џоел Ембид постигна 25 поени и ја доби центарската „војна“ против Андре Драмонд што беше клучно за триумфот на Филаделфија.

Кај Детроит се истакнаа бековите Тобијас Херис со 27, односно Реџи Џексон со 25 поени.

Резултати:

Милвоки-Сакраменто 109:104
Денвер-ЛА Лејкерс 115:110
Поталнд-Њу Орлеанс 116:123

Scroll to Top