Четирикратниот МВП на НБА лигата, Леброн Џејмс во моментов е на одмор на островот Ангилја на Карибите, но тоа не му пречеше да им соопшти на Кливленд кавалирс дека се откажува од последната година од договорот и од 1 јули станува слободен агент.
Според многумина ова е подготовка за „Одлука 3.0“, а „ЕСПН“ објавува дека најблиските пријатели и советници на Леброн се со него на карипскиот остров и ќе одлучуваат каде тој ќе ја продолжи кариерата.
„ЕСПН“ тврдат дека и покрај тоа што ја отфрлил опцијата да го продолжи договорот, тоа не значи дека тој мора да го напушти Кливленд и дека е можно да потпише краторочен договор со својот „матичен“ клуб.
Но, фаворити за неговиот потпис остануваат Лос Анџелес лејкерс, клуб кој има простор во селери капот да ја плаќа неговата плата, а „Кралот“ исто така има два дома во Лос Анџелес, така што нема да му биде тешко да се навикне на „Стејплс центарот“.
Some guys have Man Caves
LeBron has a Decision Cave https://t.co/nV0IhbUCgm pic.twitter.com/MFBhAz1Eft
— Sports Illustrated (@SInow) June 29, 2018