Top Sport

Леброн „остана“ без бројот 23 во ЛА Лејкерс

Најдобриот играч на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, повеќе нема да го носи дресот со бројот 23. „Кралот Џејмс“ решил бројот да му го отстапи бројот на Ентони Дејвис кој од наредната сезона ќе игра за „езерџиите“.

Американските медиуми ова го протолкуваа како знак на добра волја, односно на знак на добредојде од Џејмс за Дејвис.

„Кралот Џејмс“ веројатно ќе и се врати на шестката, овој број тој го носеше во Мајами Хит и во репрезентацијата на САД.

Инаку, Ентони Дејвис, низ целата своја кариера го носи дресот со бројот 23. „Веѓата“ во НБА-лигата пристигна во 2012 како прв пик на драфтот избран од Њу Орлеанс Пеликанс.

Scroll to Top