Леброн Џејмс и Лос Анџелес лејкерс се на само три победи од НБА финалето, но „кралот“ е лут за тоа што не беше изгласан за МВП на лигата, откако четврти пат во кариерата заврши на второто место во гласањето, овојпат зад ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо.
„Да бидам искрен, тоа ме налути. Тоа е мојот вистински одговор. Ме налути бидејќи од 101 глас, добив 16 гласа за прво место. Не велам дека победникот не ја заслужи МВП наградата, но… Многу пати бев втор во кариерата“, изјави Џејмс по победата над Денвер нагетс во првиот меч од финалето на Западната конференција.
Џејмс има 3-6 скор во НБА финалињата, процент кој честопати се јавува во споредбите со Мајкл Џордан, кој има 6-0 во вакви дуели. Во гласањето за МВП, овојпат разликата беше најмала – Јанис освои 209 поени повеќе од него – во 2018, тој заврши 217 поени зад Џејмс Харден, во 2006 236 поени зад Стив Неш, а во 2014 341 поен зад Кевин Дурент.
„Не дојдов во лигата да бидам МВП или шампион, и секогаш сум велел дека сакам да бидам подобар и подобар, но понекогаш работите не се во моите раце. Не сакам да зборувам за критериумите бидејќи се менуваат во текот на годините. Понекогаш најдобриот кошаркар од најдобриот тим победува. Понекогаш момчето со најдобра статистичка сезона. Навистина не се знае. Но, Јанис имаше одлична сезона, тоа е дефинитивно“, додава Џејмс.