Top Sport

Леброн сака кариерата да ја заврши во ЛА Лејкерс

Леброн Џејмс (36) веќе долги години има сон да заигра на ист НБА натпревар со неговиот син Брони. Сепак, за тоа ќе мора да почека најмалку уште 3 години.

Ѕвездата на Лејкерси во разговор за „SmartLess“ поткастот зборува за неговите амбиции и каде сака да ја заврши кариерата која трае веќе 18 години.

„Се надевам дека кариерата ќе ја завршам во ЛА Лејкерс, било тоа да е за 4, 5, 6 или 7 години. Се надевам дека уште долго ќе можам да играм, моето семејство сака да биде во ЛА“ вели Џејмс.

Леброн минатата година потпиша нов договор со „езерџиите“ до 2023 година. Тогаш ќе има 38 години и 20 НБА сезони зад себе.

Рекордер е Винс Картер со 22 сезони во најквалитетното кошаркарско друштво.

За неговиот син Брони скаутите сметаат дека е еден од 15-те најталентирани играчи на својата генерација.

Scroll to Top