Најдобриот кошаркар на денешнината, Леброн Џејмс, реши да го раздвижи тимот на Кливленд Кавалирс кој бавно влезе во новата сезона во НБА лигата забележувајќи пет порази на воведните осум натпревари.
„Кралот Џејмс“ ги зеде работите во свои раце на гостувањето кај Вашингтон Визардс и го предводеше тимот до победата 130:122.
Леброн имаше неверојатен улинок од 57 поени, 11 скока, 7 асистенции, 3 украдени топки, 2 блокади.
„Работам на својата игра секој ден, особено на путевите од свртување и ‘фејдавеј’. Растејќи како кошаркар секогаш се обидував да бидам дисциплиниран во изборот на шутевите. Вечерва ми делуваше дека секоја топка одеше право кон целта“, рекол Леброн.
Играчот на Кливленд во Вашингтон стигна до бројката 0д 29.049 поени во кариерата и се искачи на седмото место на вечната листа.
На другата страна единствен расположен беше Бредли Бил кој забележа 36 поени и по 4 скока и асистенции.