Top Sport

Леброн се расправал со навивач на Чикаго

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, за време на неодамнешниот натпревар во Чикаго влегол во вербална расправија со навивач кој седел во близина на клупата на Кливленд.

Навивачот на Булс го провоцирал најдобриот играч на Кливленд со зборовите дека треба да „престане на плаче“, а ги спомнал и имињата на Кајри Ирвинг и Дерик Роуз.

Леброн не дозволил последниот збор да го има навивачот и влегол во расправија со него, но на снимката не може да се слушне што точно му кажал. Американските медиуми наведуваат дека му рекол дека премногу зборува.

Инаку Кливленд лесно го совлада Чикаго 113:91.

Scroll to Top