Top Sport

Леброн: Серена Вилијамс се бори за нешто повеќе од обичен тенис

Леброн Џејмс застана во одбрана на Серена Вилијамс по инцидентот на финалето на САД опен, кога американската тенисерка тврдеше дека е жртва на сексизам од страна на судијата Карлос Рамос.

Вилијамс, во драматичен меч загуби од Наоми Осака, но доби казна од еден гем откако судијата Рамос ја казни за добивање на совети од тренерот, кршење на рекет и навреда кон него. Вилијамс тврдеше дека е „мета“ бидејќи е жена, посочувајќи дека мажите не се казнуваат за исто нешто, иако статистиката на „Њујорк тајмс“ покажа дека токму мажите добиваат повеќе казни.

33-годишниот Џејмс, кој е нов играч на Лос Анџелес лејкерс, во интервју за „Холивуд репотер“ вели дека не се работи само за спортот.

„Мораме да сфатиме дека таа се бори за повеќе од само тениски меч. Се бори за еднаквост и секогаш мора да победува повеќе, повеќе, повеќе, само да се чувствува еднаква. Како Афро-Американка во доминантен бел спорт, таа се справува со многу повеќе. Не знам што и оди низ главата, но чувствувам дека се мачи“, вели Џејмс.

Scroll to Top