Top Sport

Леброн влезе во историјата, Дончиќ како „Биг О“, српска пресметка во Денвер (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс во третиот меч сезонава успеаја да ја забележат првата победа над Далас Маверикс. Лејкерс успеаја да го лимитираат учинокот на Лука Дончиќ кој го одигра својот 100 натпревар во НБА лигата. Во Денвер, во „српската пресметка“, домаќините им нанесоа нов пораз на Сакраменто Кингс.

Лејкерс славеа против Далас 108:95. Колективната одбрана што ја одиграа „езерџиите“ против Дончиќ придонесе за победата. Словенецот од поле шутираше 5-14, имаше шест загубени топки, а мечот го заврши со 19 поени, четири скока и седум асистенции.

Во втората четвртина тој го напушти теренот откако го повреди грбот по еден дуел со Двајт Хауард.

Дончиќ влезе во историјата на лигата, како првиот играч по Оскар Робертсон кој во првите 100 натпревари забележал повеќе од 2.000 поени, 750 скока и 500 асистенции. Словенецот досега забележал 2.332 поени, 827 скока и 681 асистенција.

Историја испиша и Леброн Џејмс, тој мечот го заврши со 13 поени и 13 асистенции. Леброн во кариерата ја надмина бројката од 9.000 поени и скокови. Ова е единствено вакво достигнување во НБА историјата.

Денвер Нагетс славеа над Сакраменто Кингс со 120:115. Денвер ја забележаа 23 победа во сезоната, додека Кингс со осмиот пораз во низа, веќе имаа 21 загубен меч и се далеку од плејофот.

Никола Јокиќ само еднаш промаши од игра, забележа 17 поени, осум скока и четири асистенции. Јокиќ го имаше потегот на мечот, тој два пати „му ја скрши кичмата“ на Ришуан Холмс.

Мајкл Портер јуниор со 19 поени го предводеше Денвер.

Најефикасен на мечот беше соиграчот на Јокиќ од репрезентацијата на Србија, Немања Бјелица со 27 поени, шест скока и две аситенции. Третиот Србин кој играше на овој меч, Богдан Богдановиќ имаше скромен учинок од седум поени и пет скока.

Scroll to Top