Кливленд Кавалирс ноќеска беа подобри од Бруклин Нетс 129:123 во натпревар во кој Леброн Џејмс забележа уште еден трипл-дабл во сезоната. Леброн натпреварото го заврши со 31 поен, 12 скока и 11 асистенции со што направи уште едно големо оставрување во својата кариера.
„Кралот Џејмс“ стана првиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 поени, 8.000 скока и 8.000 асистенции.
Инаку, Кливленд со тимска игра го скрши отпорот на Бруклин, петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а покрај Џејмс се истакнаа Џорџ Хил со 26 и Кајл Корвер со 18 поени.
Најефикасен играч на Бруклин беше Д’Анџело Расел со 25 поени.