Лука Дончиќ кога во 2018-та година дојде во НБА рече дека му е многу полесно да постигнува кошеви во НБА отколку во Европа. Сега истата теза ја поддржува и еден од најславните американски кошаркарски тренери Рик Питино (68).
„Ова е големо искуство за нас, за овие млади момци. Игравме против Перистери кој во новата сезона ќе игра во ФИБА Лигата на шампиони. Тоа е професионална екипа. Иако загубивме 10 разлика, момците запознаа што значи да се игра вистинска, физички моќна кошарка. ФИБА нуди трипати поагресивна игра од оваа што моментно ја гледаме во НБА“ вели Питино.
Тој има 47-годишна кариера. Ги водеше Њујорк Никс и Бостон Селтикс, а беше и тренер во универзитет, па двапати ја освои НЦАА лигата.