НБА лигата го прекина првенството откако беше објавено дека центарот на Јута Џез, Руди Гобер е заразен со коронавирусот.
Паузата во најсилното кошаркарско првенство во светот ќе биде во прекин најмалку две недели. Американските медиуми шпекулираат дека е можно по паузата веднаш да се премине на плеј-офот, а распоред би бил одреден според пласманот што го имале тимовите во моментот кога лигата е прекината.
Доколку НБА донесе ваква одлука тоа значи дека изминатата ноќ во Њујорк последниот меч во кариерата го одигра Винс Картер. За „Ер Канада“ оваа сезона е 22 во кариерата, тој со 43 години е највозрасниот играч во лигата.
Картер решил на „Твитер“ да им се заблагодари за поддршката што ја добивал низ годините наназад.
„Чудна ноќ и сакам да да кажам дека сум Ви благодарен за сите 22 години од мојата кариера. Доколку ова е крајот, тогаш ви благодарам за љубовта и поддршката што ми ја дававте“, напишал Картер.
Картер во НБА лигата влезе во 1998 година како петти пик од страна на Голден стејт кој веднаш е трејдуван во Торонто.
Настапувал за Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Финикс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис, Сакраменто Кингс, а челн на Атланта Хокс е од 2018 година.