Top Sport

Лејкерс по секоја цена го сакаат Дејвис

Претседателот на ЛА Лејкерс, Меџик Џонсон, во врска со евентуалниот трејд на Ентони Дејвис, разговарал со својот колега од Њу Орлеанс Пеликанс, Дел Демпс. Според американските медиуми Лејкерс биле подготвени да се откажат од неколкумина млади и екстра талентирани играчи само за да го добијат Дејвис.

Најдобриот центар во лигата, пред неколку дена јавно побара од клубот да биде разменет во некој друг тим, каде што ќе има можност да се бори за шампионската титула.

Дејвис веднаш започна да се поврзува со ЛА Лејкерс, како партнер на Леброн Џејмс.

Медиумите пишуваа дека Лејкерс биле подготвени да се откажат од услугите на Лонзо Бол, Кајл Кузма и Ивица Зубац. По разговорот на двајцата претседатели на површина исплива информацијата дека покрај овие тројца Лејкерс би можеле да се откажат и од Брендон Инграм.

Последниот ден за размени во НБА лигата е 7 февруари и се очекува дотогаш Меџик и Демпс да имаат уште еден состанок.

Договорот на Дејвис со Пеликанс истекува во 2020 година. Сезонава тој има одиграно 41 натпревар и во просек бележи 29,3 поени, 13,3 скока, 4,4 асистенции и 2,6 блокади.

Scroll to Top