Top Sport

Лејкерси биле заинтересирани за Богдановиќ

Лос Анџелес Лејкерс биле заинтересирале за играчот на Сакраменто Кингс Богдан Богдановиќ. Американските медиуми тврдат дека Лејкерси биле подготвени за „трејд“ со кој би го добиле српскиот репрезентативец.

Договорот го врзува Богдановиќ за франшизата од Сакраменто до крајот на сезоната, кога ќе се стекне со статус на ограничено слободен играч. Ова значи дека тој ќе може да преговара со други тимови, а Сакраменто ќе имаат можност да ја израмнат највисоката понуда и да го задржат во своите редови.

Минатото лето Богдановиќ ја одбил понудата на Сакраменто од 52 милиони долари за нов четири годишен договор. Самиот изјавил дека заслужува финансиски подобар договор.

Медиумите во САД пишуваат дека Сакраменто ќе мора да го „трејдуваат“ Богдановиќ, а најмногу интерес барем засега покажувале Лејкерси.

Челниците на славната франшиза од Лос Анџелес биле подготвени да понудат тројца играчи (Кајл Кузма, Квин Кук и Трој Денијелс) и иден пик од втората рунда на драфтот.

Последне рок за размени на играчи во НБА лигата е 5 февруари.

Scroll to Top