Лос Анџелес Лејкерс би можеле во периодот што доаѓа да го сменат тренерот Френк Вогел. Лејкерси лошо влегоа во новата сезона, по 21 одигран натпревар имаа 10 победи и 11 порази.
Вогел (48) е тренер на Лејкерси од 2019 година. Во 2020, во меурот во Орландо успеа да ја однесе франшизата до шампионскиот прстен. Претходно работеше како асистент во Индијана и Орландо.
Новинарот, Марк Стајн, наведува дека челниците управата размислува да го смени Вогел и на местото главен тренер да го постави неговиот помошник Дејвид Физдејл.