Top Sport

Лејкерси прават „трио од соништата“ – Роуз покрај Леброн и „веѓата“?

Дерик Роуз, најмладиот МВП на регуларен дел во НБА лигата во историјата на ова натпреварување ги остави зад себе двете тешки повреди на колената и минатата сезона имаше сјаен учинок.

По освојувањето на новата титула во НБА, Лејкерси се посветија на градење тим за наредната сезона.

Медиумите во САД јавуваат дека играчот на Детроит Пистонс, Дерик Роуз е можна нова ѕвезда на „езерџиите“, покрај Џејмс и Дејвис.

Информациите се дека Лејкерси се во одлична позиција да го ангажираат 32-годишниот бек. Некогашниот член на Чикаго Булс во просек има по 18 поени 5 асистенции и 2 скока на меч.

Scroll to Top