Top Sport

Ленард го тужи Најк: Ме украдоа!

Најдобриот играч на НБА-финалистот, Торонто Репторс, феноменалниот Каваи Ленард тврди дека компанијата Најк му го украла логото без одобрение.

Тој ги тужи Најк поради кражба на правото на лого за кое тврди дека сам го дизајнирал. Според тужбата поднесена во судот во Калифорнија, Најк го заштитил логото без негова согласност.

Ленард до скоро носеше опрема Најк, се досредината на сезонава кога преговорите пропаднаа. Нов спонзор на Торонто сега е Њу баланс.

Scroll to Top