Top Sport

Ленард и Батлер ќе бидат соиграчи?

Големите НБА ѕвезди Каваи Ленард и Џими Батлер од наредната сезона би можеле да станат соиграчи и жители на Њујорк.

Како што објави „ЕСПН“, Ленард нема намера да игра во екипа со друга НБА ѕвезда, исклучок бил Батлер.

Интересно сите тимови од НБА лигата би сакале да ги имаат во своите редови Ленард и Батлер, но мал број франшизи имаат простор во „селери-капот“ за да ги реализираат желбите. Во моментов најгласни се шпекулациите дека тие ќе завршат во градот Њујорк, прашање е само дали во Њујорк Никс или во Бруклин Нетс.

Интересно актуелните тимови на Ленард, Торонто Репторс и Батлер, Филалдлефија ’76 можат да им понудат повеќе пари и една година подолга соработка од останатите, но очигледно е дека тие сакаат нови предизвици.

Scroll to Top