Каваи Ленард по доаѓањето во ЛА Клиперс од редовите на НБА шампионот Торонто, по примерот на Коби Брајант почна се почесто да патува со хеликоптер. Негов личен пилот бил Ара Зобајан, човекот што го загуби животот во леталото во кое настрадаа и Коби, неговата ќерка Жиана и уште шестмина други патници.
„Често летав со него. Сјаен тип, супер љубезен. Беше еден од нивните најдобри пилоти. Но, се уште ми се чини нестварно ова што се случи. Ме префрли и ми рече дека ќе оди да го собере Коби. Жал ми е за сите“ – разкажа Ленард.
Кошаркарот кој беше прогласен за МВП на минатата сезона игра за Клиперси, близу до „Стејплс центарот“ но често оди дома, во Сан Диего. Таму најчесто патува со хеликоптер.
„Многу работи слушнав, не знам што е вистина. Но не знам дали понатаму ќе летам со хеликоптер“ – вели Ленард.
Околностите за несреќата во која загина Коби се уште се истражуваат, но се верува дека густата магла и слабата видливост се основните фактори кои доведоа до трагедијата.