Top Sport

Ленард прозборе за големата трагедија: Го убија татко ми, а убиецот не е фатен

Навивачите на Торонто Репторс очекуваат дека лидерот на тимот Каваи Ленард ќе им ја донесе првата НБА титула иако „рептилите“ не ја искористија првата меч топка.

Ленард има еден шампионски прстен, со Сан Антонио во 2014 година.

Сепак тој пред новинарите прозборе за најголемата трагедија во неговиот живот која го следи уште од тинејџерските денови.

Неговиот татко Марк во 2008 година е убиен во неговата перална во озлогласениот кварт Лос Анџелес Комптон.

Ни по 11 години убијците не се пронајдени, а истрагата не се поместува од мртва точка, вели Ленард.

„Таа случка не ми излегува од глава, мислев за тоа многупати. Но со годините, полека го потиснувам тој момент од мојот живот. Имам чувство дека кошарката и животот се две потполно различни работи и дека треба да се ужива во моментите што ти ги овозможуваат. Ова се најдобрите години од мојот живот“ – вели Ленард.
https://youtube.com/watch?v=GUgioCHb_OQ

Scroll to Top