Top Sport

Лесна победа на САД, бразилскиот селектор исклучен (Видео)

Кошаркарите на САД забележаа лесна победа над Бразил 89:73 во последниот натпревар од втората фаза на Светското првенство во Кина. Американците го освоија првото место во својата група и во четврт-финалето ќе играат против Франција.

Бразилците добро се држеа против фаворизираните Американци речиси до финишот на третата четвртина, кога играчите на Грег Поповиќ прв пат стекнаа двоцифрена предност.

Кога резултатски се „одлепија“ Америнакците искусно ја одржуваа предноста и го финишираа мечот.

Бразилците во 13 минута играа без својот селектор Александар Петровиќ. Хрватскиот тренер беше исклучен поради две технички грешки.

Мајлс Тарнер со 16 поени и 8 скока, односно Кемба Вокер со 16 поени беа најефикасни во редовите на САД, додека Виктор Бените со 18 поени го предводеше Бразил. Бените 14 поени постигна во првото полувреме (11 во втората четвртина) и тој беше човекот кој ги држеше Бразилците во мечот. Исто така се истакна и ветеранот Андресон Варежао со 14 поени, 7 скока и 3 брилијантни асистенции.

Scroll to Top