Демијан Лилард се согласил на двегодишно продолжување на договоро со Портланд трејлблејзерс, „тешко“ фантастични 122 милиони долари, со што ќе остане во клубот до 2026/27, тврди „ЕСПН“.
Шесткратниот Ол-стар, веќе зарабти 195 милиони долари како играч на клубот во последната деценија, и со ова подобрување, Блејзерси ќе му исплатат вкупно повеќе од 450 милиони долари. Минатата сезона тој играше на 29 натпревари пред да отиде на операција на стомачните мускули во јануари.
31-годишниот Лилард треба да биде главниот играч на Блејзерси и следната сезона, откако клубот се обиде да гради тим околу него – пред две недели го донесоа Џерами Грант, а на драфтот како седми избор го донесоа талентот Шејдон Шарп.