Кошаркарскиот клуб Лимож го напушта Еврокупот, во иднина ќе се натпреварува во Лигата на шампиони на ФИБА. Ваква одлука претходно донесоа турските клубови Галатасарај, Тофаш и Дарушафака, односно Болбао од Шпанија.
Заминувањето на Лимож е уште еден сериозен удар за Еврокупот поточно за натпреварувањата кои ги организира УЛЕБ.
Лимож изминатите три сезони се натпреваруваше во Еврокупот.
ФИБА упати и покани и за три екипи од АБА лигата Партизан, Цедвита Олимпија и Будуќност.
Партизан вчера објави дека ќе остане во Европкупот, а како стојат работите истото ќе го направат и Будуќност односно Цедевита Олимпија.