Top Sport

Лојд Пирс ќе ја води Атланта

Лојд Пирс е поставен за нов тренер на НБА тимот Атланта Хокс, соопшти франшизата од Џорџија.

Пирс, кој во изминатите пет години работеше како асистент во Филалделфија, прв пат во кариерата ќе биде главен тренер во некој НБА тим.

Атланта го доби 13.тренер во историјата на франшизата, а раководството не ги соопшти деталите од договорот. Пирс има 42 години, а на клупата на Атланта го наследи Мајк Баденхолцер.

Scroll to Top