Top Sport

Лос Анџелес не го сака Леброн (Фото)

Втор пат во последните два месеци вандали го уништиле мурал на Леброн Џејмс во Лос Аџелес. Џејмс на почетокот на месецот го официјализираше четири годишниот договор со Лејкерс вреден 153,3 милиони долари.

Муралот кој е уништен го претставувал Леброн како со насмевка на лицето ги гледа великаните на Лејкерс Коби Брајант, Шекил О’Нил, Меџик Џонсон, Карим-Абдул Џабар и Вилт Чембрлен.

Автрот на муралот, долгогодишниот навивач на ЛА Лејкерс, Густаво Зермено истакнал дека Леброн доаѓа во Лејкерс почитувајќи ги легендите по чии стапки оди.

Меѓутоа некој се погрижил да го уништи муралот, истурајќи врз него бела боја. Уметникот потрошил пет дена, или 45 работни часа за да го наслика муралот.

На почеткот на месецот беше уништен муралот на локалниот уметник Џонас Нејвер, кој го насликал Леброн во дрес на Лејкерс под кој пишува „Крал на ЛА“.

Муралот беше оштетен со написите: „Не те сакаме“, „Не е крал“ и „3-6“. што алудира на негативниот скор што Леброн го има во финалињата во НАБ лигата.

Scroll to Top