Top Sport

Лос Анџелес претесен за комеморацијата и погребот на Коби

Знамињата во Лос Анџелес се на половина копје, луѓето во овој американски град жалат и му искажуваат почит на легендарниот кошаркар, Коби Брајант кој заедно со неговата ќерка и уште седуммина го загуби животот во хеликоптерската несреќа.

Додека светот жали по легендарниот НБА кошаркар кој целата кариера ја помина во ЛА Лејкерс, паднаа задолженија да се организира комеморација за Коби.

Потенцијален проблем би можел да е фактот што само во централниот дел на Лос Анџелес има 3.5 милиони луѓе, додека во останатиот дел од градот има уште најмалку 17.5 милиони луѓе.

Коби Брајант беше еден од симболите на „Градот на ангелите“, па комеморацијата и погребот би можеле да бидат едни од најголемите во историјата.

Челниците на градот, кои сакаат да го зачуваат споменот на НБА-легендата, се уште ги разгледуваат опциите како да биде организирана комеморацијата.

„Брајант е како океан, тој беше составен дел од нашите животи. Многумина имаа сјајни кариери, но потоа потонаа. Но тој пишуваше ново поглавје, и тоа не само за себе, туку и за својот град, за своите ќерки. Знамињата се на половина копје, градот е обоен во жолта и виолетова боја (Лејкерс). Луѓето сакаат споменик посветен на овој човек, но најмудро е да почекаме неколку дена или недели“ – изјави Ерик Гарсети, градоначалник на Лос Анџелес.

Доброупатени извори во САД, тврдат дека комеморацијата би можела да се одржи пред или во „Стејплс центарот“. Капацитетот на салата е 20.000 места.

Сепак, многумина сметаат дека главниот проблем е што тој простор е многу мал за ди ги прими сите кои сакаат да присуствуваат на тој чин.

Како втора опција се споменува „Лос Анџелес Меморијал Колосеум“, стадионот изграден во 1921 година кој може да собере преку 80.000 луѓе.

Scroll to Top