Францускиот репрезентативец Жофре Ловерњ по три години ја напушти НБА лигата и се врати во Европа. Ловерњ, во средата, постигнал договор со Фенербахче. Францускиот репрезентативец е поранешен играч и капитен на белградски Партизан.
Ловерњ во НБА лигата играше за Денвер, Оклахома, Чикаго и Сан Антонио со просек од 5,6 поени и 3,8 скока по натпревар.
Тренерот на Фенербахче Жељко Обрадовиќ успеа да состави одличен центарски тандем, кој треба да доминира во Евролигата. партнер на Ловерњ ќе му биде Чехот Јан Весели.
Фенербахче, кој пред два месеци не успеа да ја одбрани титулата во Евролигата, откако го загуби финалето од Реал Мадрид, во преодниот рок ќе го напуштат Американците: Бред Вонамејкер кој веќе потпиша за Бостон Селтикс, Џејмс нанали и Џејсон Томпсон.