Американскиот тренер, шампион со Кливленд Кавалирс во 2016 година, Тајрон Лу, има високи барања во пресрет на новата сезона. Лу оваа сезона работи како асистент во штручниот штаб на Лос Анџелес Клиперс, а за наредната сезона се поврзува со три франшизи кои ги отпуштија тренерите.
Со нови тренери во сезоната ќе влезат Индијана Пјесерс, Филаделфија ’76 и Чикаго Булс. Лу е потенцијален кандидат за тренер во еден ово овие франшизи.
За да биде постигнат договор новиот клуб ќе мора да му гарантира на Лу годишна плата од 7.000.000 долари.
Годишно 7.000.000 долари заработуваат Рик Карлајл, Двејн Кејси и Скот Брукс.