Top Sport

Магија на Димитријевиќ, со еден потег ја исфрли одбраната на Барселона (Видео)

Играчот на Хувентуд од Бадалона, Македонецот Ненад Димитирјевиќ го има потегот на викендот не само во Шпанија, туку во цела Европа.

Хувентуд загуби во соседското дерби од Барселона (80:95), но потегот на Димитријевиќ го обележа целиот натпревар.

Димитријевиќ собра една топка под својот кош тргна во контра-напад, а потоа со феноменален потег од игра го исфрли Малком Дилејни и целата одбрана Барселона и ја положи топката во кошот.

Scroll to Top