Top Sport

Маичка на Коби Брајант продадена за многу пари

Маичката во која се загреваше Коби Брајант, пред да го одигра најдобриот меч во кариерата, на аукција е продадена за речиси 300.000 долари.

Во јануари 2006 година, Коби на Торонто Репторс им уфрли 81 поен. Сите сувенири од тој натпревар имаат голема вредност кај колекционерите.

Поради тоа не е никакво чудо што маичката е продадена за толкава сума. Инаку, оваа маичка Коби ја носел шест пати во кариерата.

„Sotheby’s“, објави дека на аукција, маичката е продадена за 277.000 долари.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');