Мајк Џејмс наскоро ќе добие отказ во Њу Орлеанс Пеликанс и кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос. Американецот земениот дрес го носеше во сезоната 2016/2017.
Џејмс од Панатинаикос се врати во САД каде потпиша двонасочен договор со Феникс Санс, прв таков во историјата на НБА.
Подоцна неговиот договор беше официјализиран, но на крајот дби отказ во Феникс.
Веднаш постигна договор со Њу Орлеанс, но таму воопшто не доби шанса и како што најави сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос тој наскоро ќе му се приклучи на неговиот тим.