Top Sport

Мајкл Џордан по 8 години ја доби битката против „кинеските Џорданки“

Легендарниот Мајкл Џордан после 8 години конечно ја доби правна битка.

Неговата компанија ја тужеше кинеската фирма „Qiaodan Sports” за копирање на легендарниот бренд на екс-кошаркарот, популарните патики „Џорданки“.

Во Кина споменатата компанија има раширена мрежа на спортска гардероба со лого сличен на оригиналниот, оној на Џордан. Фирмата на најдобриот кошаркар на сите времиња ја тужеше кинеската фирма која со сличното лого наведе многумина да паднат во заблуда дека купуваат оригинален, американски производ.

Тужбата е поднесена во 2012 година, а Врховниот суд во Кина пресудата ја донесе дури сега, по цели 8 години.

„Пресудата која е донесена на највисока судска инстанца не е донесена само за заштита на името на Мајкл Џорда во Кина, туку и поради протекции на стандардите кога се работи за вакви спорови“ изјави Канг Ликс Ји, адвокат кој ја застапувал фирмата на Џордан.

Сепак одлучено било и во иднина „Qiaodan Sports” да го користи логото – кошаркарска силуета, па експертите поради тоа тврдат дека борбата и понатаму ќе продолжи, во судница.

Инаку во 2016 Џордан доби спор со кинеска компанија кој го користела неговиот потпис. По пресудата, фирмата морала да го промени потписот.

Scroll to Top