Top Sport

„Мајкл, НБА ги менува правилата за да можеш да доминираш“

Секоја нова епизода на документарниот фил „Последниот танц“ открива интересни анегдоти од периодот на доминацијата на Чикаго Булс.

Еден од најголемите ривали на Чикаго на почетокот на деведесеттите години од минатиот век беа Детроит Пистонс. Во тој период започнува и непријателството помеѓу Мајкл Џордан и лидерот на тој тим на Детроит Ајзеа Томас.

Џордан не крие дека се уште ги мрази Пистонси.

Ајзеа Томас исто така е актуелен овие денови, често дава интервјуа. Тој во разговор со новинар на „Фокс“ раскажал анегдота во која покрај Џордан е вклучен и уште еден НБА великан, Вилт Чембрлен, единствениот играч кој на еден натпревар има постигнато 100 поени.

Чембрлен во една прилика му рекол на Џордан: „Во моето време ги менуваа правилата за да не можам да доминирам, подоцна повторно ги сменија правилата само за да можеш ти да доминираш“.

До појавата на Чембрлен изведувачот на слободни фрлања можел да оди на скок веднаш што ќе ја исфрлел топката. Супериорноста на Чембрлен во однос на останатите играчи во тоа време ги натерала луѓето од НБА да воведан ново правило, играчот не смее да оди на скок се додека топката не го допре обрачот.

Scroll to Top