Кошаркарите на Бостон Селтикс ги совладаа Милвоки Бакс 112.96 во решавчкиот седми меч, од првата плејоф рунда во Источната конференција. Бостон и без Кајри Ирвинг и Гордон Хејвурд успеа да го мине Милвоки. Бакси, седми пат во низа го губат седмиот дуел во плејофот, а првата рунда во разигрувањето за титулата овој тим последен пат ја минал во 2001 година.
Победата над Бакс е со горчлив вкус, бидејќи Селтикс останаа без Џејлен Браун, кој се повреди во првото полувреме и повеќе не се врати на теренот.
Мајсторката мина во знакот на Тери Розиер кој постигна 26 поени (5/8 за три), на кои придодаде шест скока и девет асистенции. Ист број на поени како и Розиер постигна искусниот Ал Хорофорд, а Џејсон Тејтум забележа 20 поени, шест скока и пет асистенции.
Најефикасни кај Милвоки беа Крис Мидлтон со 32 поени, Ерик Бледсоу со 22 и Јанис Адетокумбо со 22 коша, девет скока и пет асистенции.
Бостон Селтикс во полу-финалето ќе играат против Филалделфија, првиот меч се игра во вторник наутро.