Top Sport

Мајсторовиќ за посилен МЗТ

Српскиот кошаркар Ѓорѓе Мајсторовиќ е новото засилување на тимот на МЗТ Аеродром, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.

27-годишниот Мајсторовиќ (208 сантиметри) игра на позиција на силно крило и центар и треба да биде засилување во борбата во рекетот .

Мајсторовиќ, кој има повеќе од солидно искуство во настапите во АБА-лигата, минатата сезона настапуваше за белградски Партизан. Претходно, тој има играно и за екипите на Смедерево, Хелиос и за Металац од Ваљево.

Новиот член на МЗТ Скопје Аеродром има и настапи за репрезентацијата на Србија и тоа на Универзијадата во Казањ во 2013 и на Медитеранските игри во Мерсин истата година.

Scroll to Top