Top Sport

Македонија немаше никаква шанса против фаворизираните Белгијки (галерија)

По победата над Босна и Херцеговина, атмосферата во македонската женска кошаркарска репрезентација беше на високо ниво, но тој оптимизам спласна по убедливиот 43:102 пораз од Белгија со кој ги завршуваме квалификациите за Европското првенство.

Белгијките доминираа во Скопје од почеток до крај, и не дозволија Македонија никако да се врати во игра. Сепак, останува фактот дека во овој циклус е прекината низата од 19 меча без победа, односно 10 години без триумф во квалификациите.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top