Кошаркарките на Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс по пауза од четири месеци се вратија на кошаркарските терени. Како дел од подготовките за ре-старт на сезоната Мавс и Лејкерс играа во Орландо, победија кошаркарите од Далас 108:104.
Најголемите ѕвезди на Лејекрс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис имаа дозирана минутажа единствен кој одигра повеќе од 20 минути беше Кајл Кузма.
Најефикасен на натпреварот Сет Кари кој не промаши од поле со 23 поени (6/6 за три). Српскиот џин Бобан Марјановиќ за 24 минути забележа 17 поени, 13 скока и две асистенции. Лука Дончиќ мечот го заврши со 14 поени, пет скока и шест асистенции.
Џејмс и Дејвис реализираа по 12 поени, поен повеќе за Лејкерс постигнаа Квин Кук и Џавал Мекги.