Искусниот шпански кошаркар Марк Гасол се врати ова лето во редовите на Мемфис Гризлис, НбА тимот каде што ја започна кариерата во САД и каде помина. Но, по само 5 дена доби отказ.
Шпекулациите се дека сака да и се врати на европската кошарка. За шпанските медиуми откри дел од своите планови за иднината. Инаку Гасол зад себе има 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали со шпанската селекција.
„Засега тренирам, ќе видиме што ќе биде. Сакам да видам уште колку можам да играм и како ќе се чувствувам кога ќе ја достигнам оптималната форма“ вели тој.
Гасол очигледно сака да направи баланс меѓу обврските и семејството.
„Имав среќа толку години да играм во НБА и искусив се што еден кошаркар може да го искуси. Сега од себе барам работи кои не се врзани за теренот. Знам дека можем да помогнам и да допринесам, но се запрашав дали можам да се вратам на истото ниво. Избришав се и почнувам од нула. Сега е време да тренирам, но и да ги возам децата на училиште, да поминувам време со семејството. Моментно сум во тој период од животот“ вели Марк Гасол.