Влијанието кое го имаат кошаркарите од просторите на поранешна Југославија во НБА лигата, ја поттикна „Марка“, да напише текст, во кој се прашува колку силна би била репрезентацијата, доколку државата не се распаднеше.
Авторот на текстот, пишува дека тој тим би делувал застрашувачки за противниците и дека би доминирал на кошаркарските терени.
Со авторот се согласуваат и анкетирани. На прашањето дали тој тим би ги победил САД, дури 74 отсто одговориле потврдно. Досега во анкетата учествувале нешто повеќе од 7.000 луѓе.
Во тестот, авторот го одбрал тимот, кој според него „би сеел страв на меѓународната сцена“.
Плејмејкери се Милош Таодосиќ, Горан Драгиќ и Василије Мициќ, шутери Лука Дончиќ, Богдан и Бојан Богдановиќ и Немања Бјелица, а на центарските позиции се Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Јусуф Нуркиќ, Дарио Шариќ и Никола Милутинов.